Шерон Стоун: Кој ќе ви каже дека изгледот не е важен, ве лаже!
Познатата актерка Шерон Стоун наскоро ќе ја видиме
во серија на Нетфликс „Ratched“, кој претходи на култниот филм „Лет над
кукавичкото гнездо“. По тој повод, таа даде интервју за Телеграф во кое коментира
за важноста на изгледот.
„Вие дури и не сфаќате колку е важен изгледот сè
додека не започне да бледнее. Голема, дебела и глупава лага е кога некој ќе ви
каже дека изгледот не е важен “, вели 62-годишната sвезда.
Затоа таа вели дека е дисциплинирана кога станува
збор за нејзината фигура, па и покрај ограничувањата поради Ковид-19, таа
редовно вежба во својот дом во Беверли Хилс.
„Правам 30 клекнувања на ден и додека гледам
телевизија кревам три килограми тешки тегови“, открива Шерон, додавајќи дека
тоа сега го прави дома, затоа што поради пандемијата не може да оди во теретана.
Познатата актерка веќе долго време се смета за
„тврда личност“ и „актерка со која е тешко да се работи“, а таа засебе сега вели дека се
чувствува слободна од тие „обвинувања“.
За магазинот Телеграф, таа се сети на директор кој
ја замолувал да му седи во скут секој ден додека и давал упатства. Денес, таа
вели, дека е помека и не обрнувала внимание на сè што доживува.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ев интересира:
(ФОТО) Блеска во седмата деценија: Шерон Стоун во бикини како да има 20 години
(ФОТО) Ретка можност да ги видиме без шминка: Ѕвездите во природно издание