,

Шест грешки поради кои брзо старееме

Добивај вести на Viber

Претерано чистење на лицето

Природната маснотија на кожата ја штити, хидрирајќи ја и јачајќи ја заштитната функција поради што не би требало премногу агресивно да го миете лицето.

Избегнете агресивни сапуни и средства за чистење, исто така немојте претерано да правите пилинг или да користите претопла вода, бидејќи врелата вода ја суши кожата.

Седење

Студија на американската медиумска заедница покажува дека луѓето кои вежбале 30 минути два пати во неделата имале значително подобра и поздрава кожа во однос на оние кои не биле активни.

Гледањето во телефон или таблет може да предизвика појава на линија на вратот.

Не носите очила за сонце

Носењето на очила за сонце може да спречи појава на брчки околу очите. Исто така, очилата со УВ филтри ќе ве заштитат од штетните зраци.

Правење чудни гримаси

Правењето гримаси, претерано смеење, мрштење и подигнување на образите може предизвика појава на брчки, а со време тие стануваат се подлабоки, а кожата ја губи еластичноста.

Пушење

Пушењето исто така предизвикува појава на брчки околу усните. Кога некој пуши, тој исто така ги собира усните, а тоа предизвикува појава на брчки околу устата. Она што е уште полошо е дека пушењето исто така влијае на крвта која доаѓа до кожата, па директно има влијание на неа.

Пиење течност низ цевка

Пијте многу вода, но држете се подалеку од цевките. Ако пиете пијалаци низ цевка ризикувате во реонот на усните да ви се формираат линии. Тие можат да бидат многу длабоки и да ве направат постари. Значи, држете подалеку од пиењето од цевка и пијте директно од чаша.