Шпанските медиуми откриваат: Мајката на Пике ја удрила Шакира пред нејзините две деца
Физичкиот конфликт наводно дошол кога колумбиската ѕвезда ја прекорувала својата поранешна свекрва дека учествувала во прикривањето на измамата на Жерар.
Шакира наводно имала физичка пресметка со мајката на Жерар Пике, Монсерат Бернабеу. Според гласините, кавгата настанала кога колумбиската ѕвезда и рекла на поранешната свекрва дека се обидела да ги скрие вонбрачните афери на нејзиниот син со Клара Чиа.
Според шпанските медиуми, мајката на Пике му подарила една од своите куќи на Жерар Пике за да може да поминува време со Клара Чиа. Новинарката Лаура Фа тврди дека додека на Шакира и требало рамо за да плаче, Бернабеу била соучесник во криењето на аферата на Пике, што многу ги повредило чувствата на Шакира и ја вознемирило.
Локален шпански весник објави дека член на семејството Пике-Мебарак бил сведок на физичка пресметка меѓу двете жени. Анонимен извор откри дека Монсерат ја удрила Шакира пред очите на поранешниот фудбалер и нивните две деца Саша и Милан.
Инцидентот ја разбеснил Шакира, па таа се дистанцирала од поранешната свекрва. Иако ниту една од страните не го потврди тоа, некои обожаватели ја повикуваат пејачката да поднесе тужба против Монсерат и Пике.
Целата оваа непријатна сцена беше откриена во јавноста среде другата голема грижа на Шакира. Имено, нејзината мајка Нидија Рипол, како што пишуваат британските медиуми, итно била пренесена во болница, а причината била згрутчување на крвта. Нејзината состојба е стабилизирана и нејзиниот живот е надвор од животна опасност, а наскоро треба да биде пуштена на домашна нега.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: n1info.ba