Шпанското кралско семејство брилира: Летиција во предизвикувачки фустан, а ќерките ги следат нејзините модни стапки (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:PROFIMEDIA

Шпанската кралица Летиција и нејзиниот сопруг кралот Фелипе Шести присуствуваа на свечен концерт во градот Овиедо во нивната земја. Со нив беа и нивните ќерки, а целото семејство изгледаше беспрекорно.

Кралицата Летиција продолжи да носи низа предизвикувачки фустани без да ја премине границата на добриот вкус, бидејќи таа самата е симбол на најдобриот моден вкус.

Црниот плиш фустан со блескави детали и полуотворен грб ја истакна нејзината совршена фигура. Обетките беа речиси идентични со украсите на фустанот, додека правата коса и „појаката“ шминка ја истакнаа дополнително нејзината убавина.

Брилијантно облечени, модерни и во склад со нивните години, беа нејзините ќерки Леонор (16) и Софиа (15). Нивната мајка секако одигра клучна улога во тоа, а на двете тинејџерки гледаме две различни комбинации, едната во лелеав елегантен фустан, другата во ултрамодерен костум како и рамни чевли.

Принцезите имаат од кого да ги научат тајните на модата, а доколку се сомневаат во мајка им, би можеле да побараат совет и од нивниот татко, кој е секогаш, но секогаш беспрекорно облечен.

извор:zena.blic
фото:PROFIMEDIA