ШПАРКАСЕ БАНКА ГО АКТИВИРАШЕ ПОРТАЛОТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ОТВОРЕНО БАНКАРСТВО
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство, кој е во согласност со барањата од Законот за платежни услуги и платни системи, усогласен со постојната регулатива на ЕУ.
Отвореното банкарство е новитет во платежниот сектор и претставува иднина на банкарството каде што финансиската слобода и врвната технологија се спојуваат за да го редефинираат начинот на кој клиентите растат и ги обезбедуваат нивните пари.
Сајтот за отворено банкарство на Шпаркасе Банка нуди јавен пристап на сите заинтересирани страни да се запознаат со сите технички детали на наменскиот интерфејс, како и со опис на поддржаните функционалности што се во согласност со функционалностите дефинирани од страна на PSD2-регулативата.
Порталот нуди развиени АПИ-продукти за: информација за сметка, иницирање на плаќање и потврда за расположливост на сметка.
Порталот е достапен преку https://developer.open-bank.sparkasse.mk за сите ентитети што се овластени да ги користат услугите на отвореното банкарство.
Шпаркасе Банка АД Скопје е една од првите банки што има целосно оспособен Developer Portal со многубројни функционалности, со што во целост ги исполнува законските барања. Платформата за отворено банкарство е отворена за пристапување за сите заинтересирани, кои преку неа може да развиваат свои решенија за отворено банкарство и да го тестираат поврзувањето со системите на банките.
пр објава