Што е потребно за безбедност и заштита за сигурен живот

Добивај вести на Viber

Никој не може да ја предвиди иднината, но паметните луѓе планираат однапред. Несреќи и катастрофи можат да се случат и се случуваат, и ако не сте соодветно осигурени, тоа може да ве доведе до финансиска пропаст. Факт е дека поединци мислат дека осигурувањето е непотребен трошок, без да разберат дека е важно да имаме осигурување, бидејќи нѝ овозможува да пресретнеме непредвидени ситуации. Осигурувањето е потребно за да го заштитиме своето здравје, покривот над главата и сето она што го имаме стекнато. Притоа, имаме можност да одлучиме што точно сакаме да осигуриме – својот дом, возилото, дали сакаме да добиваме поквалитетна здравствена услуга или да се заштитиме од несреќи во земјата или кога патуваме.

Кроациа осигурување подготви три осигурителни пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR кои претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Овие пакети, кои нудат и гратис производи, истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.

Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат граѓаните и се најпотребни – Домаќинско осигурување, Каско осигурување на патнички возила и Осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Притоа, со оглед што за Домаќинско осигурување постојат три вида пакети, секој може да избере покритие кое најмногу му одговара. Така, во зависност од изборот, пакетот може да покрива ризици од пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање на вода, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, кражба, поплава, снежна лавина, лизгање и одронување, вандализам, кршење стакла за застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи и слично.

Каско осигурувањето на патнички возила обезбедува комплетна финансиска сигурност на возилото. Ова осигурување вклучува кршење и оштетување на автомобилски стакла без франшиза,сообраќајна незгода, удар, лизгање, паѓање на предмет или удар од некој предмет, пожар, надворешно дејство, удар од гром, експлозија, град, снежна лавина, поплава и кражба. Дополнително може да се вклучи и покритие за трошоци за влечење и извлекување возило.

Осигурувањето од незгода, пак, покрива повеќе неприлики и можат да се договорат различни ризици од последица на несреќен случај, трајна загуба на општата работна способност и трошоци за лекување. Осигурувањето од незгода е просторно и временски неограничено.

Пакетот CRO SMART е паметен пакет кој става акцент на највредното во нашиот живот - здравјето и домот. Тој вклучува Домаќинско осигурување, Осигурување од незгода и Доброволно здравствено осигурување (ДЗО), односно пакетот Crocare+ која покрива 100% трошоци за одредени здравствени услуги во приватни здравствени установи на територија на Р.С. Македонија и Европа.

Додека пак поволноста на пакетот CRO SUPERIOR е тоа што во себе ги вклучува трите најбитни осигурителни производи, Домаќинско осигурување, Каско осигурување и Доброволно здравствено осигурување.

Само еден момент може да биде пресуден, а неизвесноста на животот нè прави да бидеме претпазливи и навреме да се осигураме и да го заштитиме она што ни е најважно.