Што се крие во зборовите на оваа култна песна: И по 19 години „Први март“ е сè уште мистерија

Добивај вести на Viber

Како и претходните години, така и оваа, на денешен ден 1-ви март речиси и да нема некој кој барем за миг не си ја запеал песната „Први март“ од Каролина. На радиостаниците се слуша често, а е и доста споделувана помеѓу корисниците на социјалните мрежи.

Сепак, оваа песна, која е отпеана со многу емоција, крие една поинаква порака. Во неа се опишува љубовта која една девојка ја чувствувала кон своето момче. И додека била подготвена на се за да биде со него, тогаш, тој први март таа го видела како ја изневерува со друга девојка.

Кому и дали воопшто е посветена оваа песна и после 19 години од нејзиното постоење, е сè уште мистерија. Сите овие години многумина ги поистоветувалe своите љубови со оваа приказна, а песната остана главно обележје на денот и евергрин на сите времиња.

Први март

Знаев дека љубов е

кога по тебе тргнав без да размислам

ко војник ти се предадов

те засакав баш тебе.

Ти секогаш ги знаеше

сите желби мои пред да ги помислам

зошто живеам јас знаев.

A не знам кога започна да пропаѓа

љубовта меѓу нас

тој ден не се заборава јас сè уште ве гледам

штом луѓе ниско паѓаат

се раѓаат бол и немири

за сите други а јас го памтам

реф:

Први март со неа ти

чуден бол во мојте гради

ти после се така да ми вратиш

први март со неа ти

останав сама без здив

те сакам јас те мразам јас оди си

За љубов немам потреба

не помага ни жед ни бол ни глад

ги рушам сите спомени

и неќам ништо твое

тоа што ќе остане нека потоне

а и јас со него

а и така ништо немам.

реф:

Знаев дека љубов е кога

по тебе тргнав без да расмислам.


Токму во чест на оваа песна, Карлина Гочева денес ќе оддржи концерт.


Фото: Инстаграм