Што точно го привлекува вниманието на секој маж?

Добивај вести на Viber

Психолозите долги години истражуваат што ги привлекува мажите и какво е влијанието на боите врз човековото однесување. Се покажало дека во цел на привлекување внимание на машкиот пол, на жените не им треба многу напор-доволно е да бидат облечени во нешто црвено.

Женската облека во црвени нијанси кај повеќе мажи предизвикува сензуални фантазии и овој механизам е фиксиран еволуциски. Се е во врска со подсвесните импулси. Црвената боја сигнализира дека сопственичката на црвена облека е подготвена за сексуални односи. Но, како што велат психолозите, не е потребно, ниту нужно жената да носи црвена тоалета за да го привлече вниманието на некој маж. На крајот на краиштата, посилниот пол ќе почувствува привлечност дури и ако жената има огрлица, модни додатоци, лак за нокти или кармин во оваа огнена нијанса.

Значи, дами ако сакате да го привлечете вниманието на мажот носете црвена облека.