Штркот пристигна во домот на Ѓоковиќ! Се породи снаата на Новак, а за бебето избраа име со моќно значење
Сашка Веселинов и Ѓорѓе Ѓоковиќ денеска станаа родители на момче. А тенисеркиот ас, Новак стана чичко
Поранешната водителка и модна дизајнерка и сопруга Сашка Веселинов и нејзиниот сопруг Ѓорѓе Ѓоковиќ денеска станаа родители.
Сашка се породи, а за момчето го избраа името Александар.
Ова име преведено од грчки јазик значи „оној што е заштитник на луѓето“ или само „заштитник“.
Да потсетиме, Ѓорѓе и Сашка се венчаа кон средината на септември минатата година и имаа луксузна прослава на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.На веселбата пееја многу јавни личности како Саша Ковачевиќ, Милица Павловиќ, Марија Микиќ, Александра Пријовиќ...
- Ѓоле ме прави среќен на секој можен начин и ништо не му е тешко да направи за мене. Навистина ми е целосно посветен и благодарна сум што имам таков партнер – изјави Сашка за „Ало“.
Во јануари Сашка и Ѓорѓе објавија дека чекаат бебе, а неколку месеци подоцна и кој пол е бебето.Неодамна Сашка ја сподели веста за датумот на пристигнување на бебенцето:
– Уште една недела и ќе се роди ангелот Ѓоковиќ – напиша Сашка
Фото: Инстаграм
Ми падна косата од стрес: Снаата на Новак Ѓоковиќ откри долго чувана тајна: „Морав да се повлечам“