Сигурен рецепт за среќен брак: Дали сте чуле за правилото „50-30-20“?

Дали сте чуле за правилото 50-30-20? Веројатно не сте, а тоа може многу да ви помогне - и во љубовта и во заштедата на пари.

Иако овие работи изгледаат доста различни и некомпатибилни, тие се поврзани со фактот дека треба да научите како да го распоредите времето и да промените некои навики.


Врски

Логично, секогаш кога не можеме да го исполниме ветувањето што го даваме, или ако заборавиме на нечиј роденден, ќе се обидеме да се извлечеме од работните обврски, заморот и слично.

Добро, секој сака фазата на меден месец во врска или брак да трае што е можно подолго, но за да го направите тоа треба да вложите малку труд.

Експертот за врски Венди Атенбери изјавува дека е многу важно да имате време за вашиот партнер, но и за себе. Затоа го предлага правилото „50-30-20“.

А тоа значи: 50 проценти од времето треба да се издвојува за вашиот партнер и вашата врска, 30 проценти за пријателите и роднините и 20 проценти за себе. Атенбери тврди дека оваа формула ќе обезбеди здрава и успешна врска од која сите ќе бидат задоволни.

И како што вели таа, одеднаш веќе немате изговор да не излегувате на пијачка со пријателите или на роденден на детето.

Важноста на времето посветено на врската и партнерот не треба да се потценува, бидејќи тоа ќе овозможи вашиот сексуален живот да биде уште подобар.


Финансии

Интересно е и тоа што правилото 50-30-20 може да се користи при финансиско планирање.

Принципот е следен: искористете 50 проценти од месечниот буџет за плаќање кирија, сметки, храна и превоз. Одвојте 30 проценти од парите за патувања, хоби, облека, излегување. А, 20 проценти од парите нека бидат ваш црн фонд. 

Обидете се да ги направите овие пари „недопирливи“ и обидете се да не бидете во искушение да ги користите предвреме. Иако се чини нереално да одвоите пари во време на општа криза, вашите напори ќе се исплатат на долг рок.

На крајот на краиштата, никогаш не знаете кога ќе ви треба „црниот фонд“.


Можеби ќе ве интересира:

Отворено признале дека се среќни: Што велат жените кои не се омажиле за оној вистинскиот туку за добар човек?