Силен земјотрес го погоди Загреб: Мајки со бебиња во раце пред болница, граѓаните на улица

Добивај вести на Viber

Два силни земјотреси го погодија Загреб и северозападна Хрватска утрово.

Првиот силен земјотрес се случил во 6:24, а според податоците на хрватската сеизмолошка служба, јачината на земјотресот бил 5,5 степени по Рихтер. Вториот земјотрес бил со јачина 5,0, пренесува „jutarnji list.hr“.

По овие два силни земјотреси, следеле уште неколку последователни со послаба јачина.

Мајки со бебиња во рацете облечени само во ноќници можат да се забележат пред Болницата во Загреб после силниот земјотрес. Тие излегоа пред породилиштата со бебиња во рацето, а надвор е навистина ладно, додека мајките се со бебиња во рацете.

N1 известува дека дел од жените кои чекале породување биле во автомобили пред болницата.

Некои болници во Загреб забележале штети од земјотресот. 

Во болницата „Лозје“, пациентите биле пренесени од очната клиника заради оштетување.