СИЛК РОУД БАНКА: Исплатата на пензиите почнува од утре

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на мајските пензии ќе се врши на 27.05.2020 година (среда). Почнувајќи од 27.05.2020 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 27.05.2020 година (среда), согласно распоредот направен според висината на пензијата: 

- Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

- Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

- Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.


Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Сите приматели на пензија кои немаат картичка, при подгнувањето на пензијата ќе можат бесплатно да аплицираат за дебитна картичка со која во иднина ќе можат пензиите да ги подигнуваат преку банкомат, без потреба од посета на експозитура.
Од банката напоменуваат при посета на експозитурите задолжително да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.