Силк Роуд Банка: Извршена е дополнителна исплата на финансиска поддршка од "купувам домашно"

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка информира дека е извршена дополнителна исплата на финансиска поддршка на граѓаните кои биле распределени во Силк Роуд Банка, а на кои не им била исплатена поддршката во декември 2020 година.

Со oвој пакет на мерки предвидена е исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 денари и истата се однесува на следните категории на граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Преку веб страницата https://kupuvamdomasno.gov.mk/ со внес на матичниот број може да се проверат корисниците на финансиска поддршка и во која банка истите се распределени за исплата на средствата.

Исплатата на финансиската поддршка во Силк Роуд Банка ќе се реализира на постојните трансакциски сметки на клиентите. За да се користат средствата од финансиската помош, потребно е клиентите кои се распределни во Силк Роуд Банка да извршат ажурирање на нивните лични податоци најдоцна до 31.05.2021 година во некоја од експозитурите на Банката. Исплатените средства од финансиската помош ќе може да се користат и по 31.05.2021 година.

Дополнителни информации во врска со исплатата на средствата од четвртиот пакет мерки за справување со COVID-19 кризата можете да добиете во некоја од експозитурите на Банката.

ПР објава