СИЛК РОУД БАНКА СО АКТИВНО УЧЕСТВО ВО КАМПАЊАТА „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“

Добивај вести на Viber

Вработените во Силк Роуд Банка АД Скопје по повод светскиот Ден на гладта, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија активно учествуваа во кампањата „Помислете и на нас“ којашто се спроведува во рамките на неделата за борба против гладта, при што беа донирани прехранбени производи и финансиски средства за најранливите категории на граѓани.

Обезбедени се пакети на производи, наменети за социјално загрозените граѓани и семејства и истите ќе бидат дистрибуирани од страна на Црвен крст .


Силк Роуд Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија секогаш се труди да им излезе во пресрет и да им помогне на оние на кои што помошта им е најпотребна со цел подобрување на нивните услови за живот, а особено сега во време кога сме соочени сите заедно со предизвиците што со себе ги носи ковид-19 пандемијата низ целиот свет и во нашата држава.