Силните мажи нѐ учат како да станеме жени: Сакам дете од овој човек

Понекогаш во животот на жената ќе се појави многу силен маж со моќна сончева енергетика. И тоа е лесно да се почувствува дури од зад грб, него целосно му одговара телото на жената, нејзините мисли се смируваат, а центарот на женственост, матката, се исполнува со топли и светли вибрации на живот… 

Покрај таков маж, дури и најактивната и најдинамична жена, жена со дрзок карактер станува мало пиле, во неа одненадеж се буди цел букет женски особини, таа одеднаш сака да готви, да води сметка за него, да ја чисти куќата, го чека од работа и можеби за прв пат во нејзиното тело  ќе се слушне „сакам дете од овој човек“

Обично, со тој маж, таа почнува да чувствува вистинско задоволство на сексуална блискост, женственоста се буди во неа на хормонално ниво. Таа го сака неговиот мирис, неговото тело, неговиот поглед, и глас … 

Покрај него, може да се чувствува глупаво и слабо, но не само што не и е грижа за тоа, туку си се смее себеси и сфатила колку е пријатно некогаш да се биде слаб. Покрај него не сака да спори, да докажува, да се споредува со него интелектуално, прв пат во животот сака да слуша! Жената почнува да цвета во такви односи, ја сфаќа силата на тој маж и се хармонизира низ неа. Таа почнува да не сака со ум, туку со цело свое женско битие. А потоа повеќето жени ја прават истата грешка: почнуваат да се прилагодуваат под такви мажи, служат, се обидуваат да му погодат…се дотеруваат за него! Целосно, до уши. А потоа почнуваат прашањата: „Што направив погрешно?“, „Душо, што не ти се допаѓа?“, „Љубов, се ли е во ред?“, итн.… „Што да дадам? Што да променам кај себе поради тебе?“ 

Жената е подготвена на сѐ, за да го задржи. Таа чувствува дека внатре не е подготвена за таков однос, уште не созреала, и се обидува да компензира со внатрешна неподготвеност низ надворешно самоусовршување, бидејќи да го изгуби и е неописливо страшно … Но ако се погледне подлабоко, тој нејзе не и е ниту потребен, туку таа состојба е природнаа, која таа ја чувствува, која ја заплискува. Можеби за прв пат во својот живот, и само покрај него, се почувствувала како жена! Како тоа може да се пушти? И тука почнуваат хипер-напорите во обид да биде најдобра, одговара, заслужи … која му дава на мажот сѐ повеќе и повеќе. 

И на крај, тој заминува. Во повеќето случаи, таквите мажи, се појавуваат во животот на жената и заминуваат, за да ѝ покажат колку уште не е подготвена за силни и зрели односи. Бидејќи нему не му треба робинка, ни слугинка, туку жена, која може да се исполни, и со чија љубов може да се исполни себе! По неговото заминување останува болка, неиздржлива болка на враќање во друга реалност, каде повеќе не се чувствуваш 100% жена, каде веќе нема силна рака и сигурен поглед, како не можеш да се опуштиш и почувствуваш … 

Тогаш жената прави сѐ за да избега од болката. Но, верувајте ми, подобро е цел свој живот да живее со болка која ве движи напред и развива, отколку да живее без болка, но и без љубов. Болка -тоа не значи дали сте дале нешто повеќе енергија, отколку што вашите тековни резерви можете да ги надоместите. И наместо да ги шират своите резерви – жените се обидуваат едноставно да ја отстранат оваа енергија од својот живот, не сфаќајќи дека со тоа му штетат само на своето постоење. Некои жени се обидуваат да ги вратат тие мажи со пост, молитва, што само ја отежнува ситуацијата. Во тој случај, сите ритуали делуваат едноставно како магија. Но, тој потоа повторно ќе замине, бидејќи лекцијата не поминала…

Други жени се обидуваат да го одделат од себе, одат кај исцелители да ги исчисти од таа врска која не им излегува од глава, срце, матка…која не сака да си оди. Но токму таков маж ќе биде неверојатно тешко да го одвоите од себе, тој ќе се сонува, воочува во маса луѓе, на жената ќе и изгледа дека баш сега однекаде ќе се појави, секој телефонски повик и секоја СМС порака ќе почне жената да затрепери во очекување … Токму тој маж доаѓа и покажува на жената, каква таа може да биде, колку е женствена, колку сила има во неа … 

Тој ја учи да живее согласно со својата природа, и уште ѝ овозможува да види и чувствува, колку љубов има во неа. Ако имало такви мажи во вашиот живот, тогаш ви се посреќило и не посреќило истовремено. - Посреќило бидејќи малку луѓе во животот се среќаваат со вистинска љубов, а вам ви е дадено да сакате длабоко, искрено, со цело срце, свое женско битие, секоја ќелија на свое тело. А кога жена сака-за неа нема невозможно нешто. Таа љубов продолжува да живее во вас цел живот, таа го полни целиот ваш живот со смисла. Освен тоа, кога жената со љубов и благодарност се сеќава на тоа искуство кое го имала со тој маж, тогаш автоматски на суптилно ниво хармонизира, ја израмнува својата енергија, се сеќава на својата женственост, својата природа… 

И ако соберете храброст и почнете да се отворате, дозволувате да се прошират вашите граници, ако се помирите со загубата на тој маж, а притоа ќе бидете среќни и полни со безусловна љубов кон него, можете да бидете заедно и таа заедница ќе биде неверојатно моќна. 

- Нејзе ѝ се посреќило, бидејќи вие со тој маж поминувате низ најтежок стрес, со него ќе се извлечете на целосно друго ниво на доживување на живот. А секој нов енергетски премин -тоа секогаш е болка, криза и депресија. Секој пат кога се врзете за него, од вас ќе го одвлечат. Без молби ќе ве направи да живеете среќно и слободно, без врзување. Ќе ве направи емоционално зрели и со безусловна љубов цело време! Но, среќата која ќе ја доживеете во такви односи не може да ја споредите со други искуства во животот, таа љубов, со која ќе биде исполнето вашето срце ќе направи вашиот живот да биде исполнет со смисла и божественост. 

Тој маж ве учи да бидете жена! Ако во вашиот живот имало таков маж:

- Научете да му бидете благодарни, бидејќи тие мажи не водат кон знаење, кон учители, кон Бог. Дури и низ болка, но сега не сфаќаме дека тоа е вредно, зарем не?

- Не мислете за него и не обидувајте се да заборавите, само враќајте се себе и својата сила.
Кога ќе научите да се сакате себе и да бидете среќни-вашата болка ќе исчезне сама од себе, а односот со него или ќе премине на ново ниво или ќе престане да ве загрижува!


Зошто се лепиме за такви мажи? 

Бидејќи тие се силни мажи, тие се реализирани во својата природа, и тоа ги прави неверојатно привлечни. Но тој истиот процес се случува и со жена кога се открива во своја природа, кога ја достигнува својата длабочина кога научи да сака и да ја чува слободата, тогаш станува магнетски привлечна, за неа се лепат мажи, и таа гради односи на принципи на енергетска еднаквост. 

Со кој маж сега и да живеете, кој и да ве опкружува, сепак секојдневно, учете да сакате. Ако постои човек кој буди љубов во вас, полнете се со неа! Дури иако веќе сте во брак, а вашето срце затрепери од друг маж, не отфрлајте ја љубовта. Само не фокусирајте го своето внимание на маж, земете го тоа чувство кое ви го дал и поделете ги со својот сопруг. Ние влегуваме во односи не поради луѓе, туку поради нивната енергетика и состојба која ја чувствуваме кога сме близу до нив. Живејте во состојба на љубов и благодарност, а останатото ќе дојде.