„СИЛНО НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА“: Од денес земјата влегува во нестабилен период

Добивај вести на Viber

Почитувани, како што веќе најавив, од денес (среда 14.8.2024) влегуваме во нестабилен временски период, што значи дека атмосферата полека ќе се дестабилизира. Токму поради ова, во попладневните  и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија, и тоа поради екстремно топлиот бран „Луцифер” кој условува екстремно високи температури на воздухот, локално процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во баква ситуација би можел да биде покрупен.

Детали на Фактор тука.