Симона Станковска ќе стане мајка. Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ и манекенка со неколку интернационални титули за убавина е во шестиот месец од бременоста, јавува порталот „Убавина и здравје“.
Станковска веќе подолго време живее на релација Скопје-Белград со партнерот кој е спортист и за кого никогаш не зборувала во јавноста.