Синот на Брена е важна фигурна во нејзиниот бизнис: Еве што работи Виктор Живојиновиќ, се појави слика од концертот
Балканската дива Лепа Брена одржа два од петте концерти што ги закажа во Арена Загреб, а во организацијата на овие спектакли беше вклучен и нејзиниот помлад син Виктор Живојиновиќ.
Виктор стана еден од главните членови на продуцентскиот тим на Лепа Брена и се грижи секој концерт во текот на целата турнеја да помине беспрекорно.
Синот на Лепа Брена на својот Инстаграм сподели фотографија од концертот, а имаше и специјална маичка на која пишуваше: „Миле воли диско“.
Колку Брена ќе заработи за 5 Арена во Загреб
Инаку, Бена зборуваше и за заработката од концертите.
- Ќе пееме во Загребска Арена се додека можеме да ја наполниме. Секако, тоа ќе го направиме со некои паузи. Тоа време кога постигнував рекорди, тоа беше помеѓу 1982 и 1990 година. Секој ден имавме 31 последователен настап. Потоа, 17 дена пеев во Сава центар... На оваа возраст верувам дека не треба да бркаме повеќе рекорди, ниту да бркаме некои цифри. Сакам да работам добро, да уживам, да не се преоптоварувам. Може да направиме два концерта по ред, а потоа следниот ден да има пауза, да се ресетирам. Ни помладите околу мене не можат да го издржат тоа темпо. Јас сум сериозен маратонец, како што гледате, колку години работам... И професионалец - рече Лепа Брена и зборуваше за потенцијалната заработка, кога истакна дека повеќе ќе изгуби пари отколку што ќе добие.
- Никогаш не размислувам за заработка. Обезбедувањето висококвалитетен концерт денес е, во смисла на продукција, многу скапа приказна. Едно е кога ќе излезеш со десет музичари без скапа продукција, танчери, музичари, костими... Помина времето на вакви настапи. Денеска организацијата на секој концерт чини над 200.000 - 300.000 евра. Размислувате дали сте инвестирале можеби 100.000 евра повеќе? За мене сега е поважно да и се оддолжам на мојата публика во Загреб. Можам да излезам и со позитивна нула. Сите вакви концерти, со скапа продукција и организација, ако направиш еден или два, на нула си. Можеби третиот или четвртиот концерт се тие што се исплатат, но мене тоа не ме интересира, на оваа позиција - изјави неодамна Брена за хрватски „Стори“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs