Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам мајка ми, се надевам дека ќе можеме да разговараме нормално еден ден
Откако поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, претходно овој месец изјави дека нивните синови Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) не сакаат да ја видат пејачката, Џејден сега изјави за британските медиуми дека и тој и Престон го сакаат само најдоброто за нивната мајка.
Во серијата интервјуа кои се уште не се емитувани, The Sun пренесува дека Џејден ѝ рекол на својата мајка: "Те сакам и ти го сакам само најдоброто. Можеби еден ден ќе седнеме заедно и нормално ќе можеме да разговараме".
Тој додаде дека „околината што таа ја создала не била здрава“ за него и неговиот брат. „Кога имаш 10 или 11 години, тогаш почнуваш да разбираш некои работи. Нема омраза... Навистина би сакал да ја видам повторно. Тоа би ме направило среќен, а исто и Престон.
Момчињата моментално живеат во Лос Анџелес со нивниот татко и неговата сопруга Викторија Принс, поранешна одбојкарка. Тие не се појавија на свадбата на Бритни Спирс и Сем Асгари иако беа поканети.
„Не беше вистинското време“
„Едноставно не беше вистинското време за тоа. Не велам дека не сум среќен за неа. Среќен сум поради нив, но таа не го покани целото семејство. Да бевме само јас и Престон, ќе завршеше со семејна расправија“, рече Џејден.
Да потсетиме, Федерлајн на почетокот на месецов изјави дека „момчињата не сакале да одат на нејзината свадба“, а напомена и дека се чувствуваат непријатно затоа што Бритни ги објавува нејзините разголени фотографии на Инстаграм.
По изјавата на син ѝ, пејачката реши да се огласи на Инстаграм.
Најпрво на синовите им порача дека многу ги сака, им се извини за сѐ, им објасни дека има право на 40 години да објавува фотки какви што објавува, особено што е жена на која 15 години ѝ било забрането сѐ, а потоа жестоко „удри“ по нивниот татко.
„Би било убаво да имаше работа и да работеше нешто во последните 15 години. Верувам дека е кул да се има татко кој дува трева и кај кој не мора да пишувате домашни задачи“ - напиша Бритни, а потоа го прозва и синот Џејден, кој во документарецот зборуваше за нејзиното ментално здравје:
„Драго дете, пред да проговориш било што за мојата интелигенција, би морал прво да прочиташ книга. И кажи му на татко ти дека би можел да ја искоси тревата“.