Синот на Царовска ќе следи настава со физичко присуство: Мила со порака до сите ученици за првиот училишен ден

Добивај вести на Viber

Мила Царовска заедно со нејзиниот партнер го испратија синчето Давид на првиот училишен ден. 

Министерката за образование денеска преку личен пример покажа како треба да се однесуваат дечињата кои ќе тргнат во училиште со физичко присуство, во оваа потполно ралична учебна година, а тоа се оние од прво до трето одделение.

Давид денес започна да оди во трето одделение.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце“, му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение, напиша Царовска на Фејсбук.

<iframesrc="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fcarovska.mila%2Fposts%2F757419634804080&show_text=true&width=552&height=855&appId"width="552"height="855"style="border:none;overflow:hidden"scrolling="no"frameborder="0"allowTransparency="true"allow="encrypted-media"></iframe>

И им посака среќа на сите ученици.