Синот на Лепа Брена ја крие девојката: Кога се вратил од патување, имал што да види (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кога најмладиот син на Лепа Брена дошол дома, имал што да види!

Најмладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, се врати од патувањето и на својот Инстаграм профил го покажа изненадувањето што во таа прилика му го приреди девојката.

Имено, младиот Живојиновиќ на социјалните мрежи често споделува објави на кои се гледа како ужива во луксузот што му го пружаат родителите.

Редовно објавува фотографии од својот стан, приватен авион или јахта, а сега покажа колку е романтична неговата девојка.

Виктор откри дел од атмосферата од станот каде неговата девојка му оставила порака со кармин:

- Добредојде дома, душо – напишала поубавата половина на Виктор, по повод враќањето дома.

За разлика од него, постариот брат на Виктор, Стефан, воопшто не сака да се експонира во јавноста.

Откако ја напушти пејачката кариера, тој целосно се повлече и малку се знае за неговиот приватен живот.

Од друга страна, најстариот син на Боба, Филип, ужива во бракот со една од најпопуларните пејачки Александра Пријовиќ, со која го има синот Александар. Освен хармоничен приватен однос, двајцата успешно водат и деловна приказна.

Фото:screenshot