Синот на Митко Јанчев наполни 9 години: Торта со омилениот лик и супер забава за Стојанче

Добивај вести на Viber

Во семејството на кавадаречкиот градоначалник вчера имаше повод за славење

Имено градоначалникот Митко Јанчев, заедно со семејството го прослави роденденот на неговиот помал син Стојанче, која наполни 9 години. Тортата беше со омилените ликови од детската анимирана серија „The last airbender“.


- Денес се слави во фамилија Јанчеви. Помладиот син Стојанче, во пресрет на неговиот роденден, заедно со другарчињата, ја дуваат свеќата од роденденската торта.
Сите деца на светот заслужуваат да бидат среќни и радосни, тоа ја дава смислата на животот.
Среќен 9- ти роденден Стојанче.- напиша Јанчев.


Со сопругата Веселка, тие се родители на три деца- Никола, Стојанче и Мила.