Синот на претседателот по стапките на мајка му: Првата дама Елизабета и Огнен со подароци за дечињата од Ковид центарот на Институт за белодробни заболувања
Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска заедно со синот Огнен им однесоа новогодишни пакетчиња на дечињата хоспитализирани во Ковид центарот на ЈЗУ - Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје, и им посакаа што поскоро да оздрават и да се вратат во своите домови, во прегратките на своите родители и на безгрижноста на детството.
Oгнен, синот на Елизабета и претседателот Стево Пендаровски ретко се појавува во јавноста, меѓутоа со овој потег изненади.
Во коментарите на социјалните мрежи многумина велат дека Огнен ги следи стапките на мајка си, бидејќи првата дама е токму позната по нејзиното учество и организација на хуманитарни настани, акции, иницијативи.
Огнен е едниственото дете на претседателот и првата дама, инаку се уште оди во средно училиште, а карактеристично е тоа што е многу висок и многу личи на тато Стево.
фотографии:фејсбук профил на Елизабета Ѓоргиевска
Браво за Огнен што одлучил да биде дел од овој хуман настан заедно со мајка му.