Синот не го гледам и по четири месеци, многу ми е тешко: Актерката Даница Максимовиќ си ја отвори душата

Српската актерка Даница Максимовиќ, вели дека ѝ е тешко што нејзиниот син не го гледа понекогаш и по 3-4 месеци.

Познатата актерка од врската со Тоде Лалиќ, го има синот Милош. Таа и Лалиќ живеат заедно подолго време, но не се венчани. Со синот, таа ретко се појавува во јавноста.

Синот на Даница, Милош е режисер 

- Си ја чуваме својата интима, иако мојата работа е јавна. Пријателите и роднините знаат какви сме. Бракот може и не мора да се случи. Ми недостига нашиот син, многу ми тешко што не го гледам по 3-4 месеци. Тој живее во Америка. Гледам барем да отидам на некоја негова претстава, да почувствувам што работи син ми“, изјавила актерката за „Блиц“.

Таа вели дека не прави компромиси во својата кариера и не прифаќа улоги по секоја цена. Но, една од улогите за кои долго размислувала пред да ја прифати, е улогата на рецепционерката во филмот „Хајде да се волимо“ со Лепа Брена. 

Иако неодамна наполни 65 години, таа изгледа одлично и вели дека се облекува и се однесува онкака како што се чувствува. Во Скопје, во сабота, на сцената на Дом на АРМ ќе ја игра претставата „Индиго“ со колегите Бранислав Лечиќ и Марија Вицковиќ.