Сирењата на Млекара Здравје Радово нудат најдобра вредност за дадените пари, сметаат потрошувачите во Македонија

Добивај вести на Viber

Според мислењето на потрошувачите во Македонија, сирењата на Млекара Здравје Радово  се едни од производите кои нудат најголема вредност за дадените пари, покажа истражувањето на реномирата интернационална агенција ICERTIAS Best Buy Award.

Според потрошувачите сирењата на Млекара Здравје нудат најдобар сооднос на цена во однос на квалитет, ги карактеризира стандарден квалитет и богат традицинален вкус.

Истражувањето се спроведе во февруари 2019 година преку прашалник на Интернет, на примерок од 1200 корисници на Интернет во Македонија, постари од 15 години (генерална популација), со методот за интервјуирање преку интернет со помош на компјутер (Computer Assisted Web Interviewing – Deep Mind Awareness (CAWI – DEEPMA).

Компаниите не можат самите да се пријават или номинираат за да бидат дел од истражувањето на пазарот за наградата Best Buy Award. Брендовите можат само да ја „заработат“ наградата Best Buy Award само ако нивните производи или услуги го освојат првото место (најголем број на гласови од корисници/испитаници) во конкретната категорија од истражувањето. Кога одговараат за тоа кој им е омилен избор, испитаниците одговараат на отворени прашања, каде можат слободно да именуваат производи или услуги, со сопствени зборови.

Треба да се истакне дека ова истражување за наградата ICERTIAS Best Buy Award не го мери капиталот на брендот или пазарниот удел на брендот. Ова истражување обезбедува увид во личните искуства на корисникот, мислењата, задоволството и перцепциите, кои се користат исклучиво за да се измери односот меѓу цената и квалитетот на добрата и услугите на пазарот. Истражувањето на ICERTIAS за наградата Best Buy Award е целосно извршено во согласност со „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ усвоен од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската асоцијација на експерти за истражувања (ESOMAR).

Ова признание е потврда за беспрекорноста на процесот на производство, техничките перформанси и ефикасноста на работењето на Млекара Здравје, како и на високиот квалитетот на производите. Млекара Здравје покрај веќе сертифицираните системи за квалитет и безбедност на храна FSSC (FoodSafetySystemCertification) 22000 и ISO 22000, во целост ги има имплементирано и меѓународните IFS (International Featured Standard – Food) и британскиот BRC, кои се највисоките стандарди во оваа област.

Истражувањето за наградата 2019/2020 ICERTIAS Best Buy Award General (www.bestbuyaward.org) во Македонија беше спроведено од страна на меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH (www.icertias.com).