Сите ги знаете Брус Вилис и Ештон Качер, а ова е првиот сопруг на Деми Мур: Таа сè уште го носи неговото презиме

Добивај вести на Viber

Кога зборуваме за љубовниот живот на Деми Мур, сите прво помислуваме на Брус Вилис, суперѕвездата со која има три ќерки. Додуша некој ќе се присети и на Ештон Качер. А дали знаевте дека во биографијата на познатата актерка се споменуваат три брака? Да, покрај споменатите колеги, Деми имаше уште еден сопруг.

Деми Мур го напуштила домот како тинејџерка, поради тешките семејни односи кои оставиле трага на нејзината психа. Сакајќи да избега од лошиот живот, таа го напуштила училиштето и веќе на 18 години се омажила за музичарот Фреди Мур, чие презиме го носи и денес. Бракот траел само пет години, до 1985 година, а во тој период Деми добила шанса да се проба како актерка. По филмот „Паразит“ од 1981 година, таа добила улога во некогаш популарната серија „Општа болница“. 

Мур бил 12 години постар од Деми Гејнс, според нејзиното родено име. Тие се запознале во ноќен клуб и многу брзо започнале врска и покрај тоа што тој тогаш бил оженет, а таа малолетна. Тие живееле заедно кога се развел од неговата прва сопруга Луси.

Успехот на Мур во музичкиот свет бил во подем. Деми дури се појави и во спотот за неговата песна „It's Not a Rumour“, но тогаш не беше позната - се‘ додека не стана голема ѕвезда.

Кога влегла во светот на филмот, конзумирањето кокаин станало редовна работа. Големиот порок можел да ѝ ја уништи кариерата на самиот почеток. На инсистирање на продуцентот на филмот „Огнот на Свети Елмо“, од 1985 година, таа заминала на рехабилитација. 

- Тоа беше филм кој ми го промени животот. Да не отидев во центар за рехабилитација, се сомневам дека ќе бев жива денес – открила Деми во својата автобиографија.

Бракот со Мур тогаш веќе бил завршен. Фреди кратко време се занимавал со музика, а потоа се посветил на други работи. Подоцна повторно се оженил. Долго се борел со Алцхајмеровата болест, од чии последици почина во август 2022 година.

По Фреди, Деми излегуваше со актерите Тимоти Хатон и Емилио Естевез, со кои беше свршена, а потоа во 1987 година го запозна Брус Вилис и истата година се омажи за него.


Фото: Youtube - screenshoot