Сите го чекаа ова: Ана Бекута првпат проговори по објавата дека се повлекува од „Ѕвездите на гранд“

Ана Бекута на одредено време ја напушта емисијата „Ѕвездите на гранд“

Јавноста ја заинтригира веста дека Ана Бекута на извесно време заминува од „Ѕвездите на гранд“. Имено, откако Ана Бекута не се појави на снимањето на „Ѕвездите на гранд“, челеновите на „Гранд продукција“ изјавија дека Ана нема да присуствува на следното снимање од оправдани причини.

„Гранд продукција“ објави дека пејачот Драган Којиќ Кеба ќе ја замени Бекута и ќе ја преземе работата со нејзините кандидати во следните пет емисии, а причината за отсуството на Ана не е познато се уште.

И додека сите нетрпеливо чекаат пејачката да се огласи на оваа тема, таа ги стави на мирување работните обврски, и се посвети на приватниот живот.

Ана неодамна објави видео од гробот на Милутин Мркоњиќ и покажа дека му однела раскошен букет. Тие беа во љубов повеќе од една деценија.

Фото:Instagram