Сите жени во животот на Трамп

Добивај вести на Viber

Покрај неговите контроверзни коментари за жените, Трамп има голема и очигледно лојална мрежа на жени во неговиот живот. Но, кои се тие навистина, и какво влијание имаат врз главниот командант на САД? Од Иванка Трамп и Тифани до неговата трета сопруга Меланија.

Трамп самиот вели дека „ги сака жените" и дури тврди дека ја поминал својата пред претседателска кариера како феминистички шампион. „Бев оној што навистина го скрши стаклениот плафон во име на жените, повеќе од било кој во градежната индустрија", рече тој.

Значи, кои се тие клучни жени во животот на Трамп, какви улоги играат и дали сите тие се обединети зад претседателот како што изгледаат?

Иванка Трамп - најстарата ќерка на Трамп и политичката наследничка

Најстарата ќерка на Трамп - веројатно неговата најблиска - има официјална улога во Белата куќа како советник на нејзиниот татко. Досега Иванка го искористи своето време во администрацијата за да ја поттикне про-женската агенда која прво се роди во нејзината книга „Жени кои работат“, дури и кога многу одлуки на нејзиниот татко, како што се намалување на финансирањето за планирано родителство и здравјето на жените низ светот, прават нејзините напори во голема мера да изгледаат површно.

И покрај тоа што нејзините ставови честопати изгледаат во судир со претседателот, Иванка се чини дека е нај политички амбициозен член на семејството Трамп, единствениот член кој се пресели од својот роден и многу сакан Њујорк во Вашингтон по неговата инаугурација. Таа контроверзно сугерира дека е повеќе вложена во политичката кариера на Трамп отколку неговата сопруга.


Меланија Трамп - сопругата 

Сопругата на Доналд Трамп од 12 години брак стана Прва дама. Мислењата за Меланија се движат од жена која владее од зад сцената, до жена заробена со златни лисици во очајно несреќен брак. Она што се случува зад затворени врати во домот на Трамп останува мистерија, иако често ги гледаме двајцата заедно на службени патувања.

Неодамна ја започна својата кампања за деца насловена како „Be best“, па со тоа почнува полека да се открива од сенката на својот сопруг.


Тифани Трамп - „другата" ќерка

„Многу сум горд на моите деца", рече Доналд Трамп во едно телефонско интервју за „Fox & Friends“ минатата година. Тифани, 24-годишната ќерка на Трамп, e малку одделен член на кланот Трамп, како единствено дете и „друга ќерка" од петгодишниот брак со втората сопруга на Доналд, Марла Марплс.

Доналд Трамп е отворен за неговата специјална врска со постарата сестра на Тифани, Иванка, но изгледа и дека одиграл обликувачка улога во животот на Тифани исто така. „Јас сум толку горд на жената во која порасна!", објави тој на 21-от роденден на Тифани. 

Иако како дел од во кампањата на Трамп, Тифани беше помалку истакната од Иванка, таа сепак зазеде своја слика во целата приказна.


Лара Трамп-Јунаска - снаа и тајно оружје на Трамп?

34-годишната сопруга на Ерик Трамп стана едно од најмоќните оружја на својот „татко“, откако тој ја презеде функцијата. Нејзината природна дарба како говорник и девојка од Северна Каролина донесоа база на поддржувачи на Трамп, а Лара редовно држеше говор за загревање на пост-изборните митинзи на Трамп. Таа, исто така, му се придружи на нејзиниот свекор во осудувањето на „лажните медиуми". Лара има искуство во телевизијата, работејќи како придружен продуцент за издавачката куќа „КБС", па од сите жени на Трамп, Лара може да биде еден од најмоќните пропагандисти на претседателот.


Ванеса Трамп - „другата" снаа и Мис на САД

Можеби не знаете многу за Ванеса Трамп, но таа е актерка израсната во Менхетн и поранешна Мис на САД. Ванеса се омажи за Доналд Џуниор во 2005-та година и двојката оттогаш има пет деца заедно. 

Ванеса има своја модна линија (голем број на чанти наречени „La Poshett“), но останува надвор од политиката, иако е секогаш тука за поддршка на своето семејство.


Ивана Трамп и Марла Марплс - поранешните сопруги на Доналд Трамп

Иако не играат активна улога во животот на Трамп, вреди да се спомене присуството на двете поранешни сопруги на Доналд, Марла и Ивана.

68-годишната Ивана била во брак со Доналд Трамп цели 15 години и е мајка на неговите три најстари деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Од нејзиниот развод од Трамп во 1992-та година повторно се мажи и разведува и се појавува на многу телевизиски емисии.

Иако кружеа многу гласини дека Трамп ја нападнал и силувал Ивана, таа никогаш не поднесе обвиненија против него.

Потоа следува Марла Марплс, актерка и телевизиска личност, со која Трамп се ожени во 1993-та година. Истата година ја добиле ќерката Тифани, но парот се развел во 1999-та година. Таа е во супер односи со својата ќерка Тифани, па се чини и дека поради неа ја поддржуваше кампањата на Доналд Трамп.