Скандал на Охрид-фест: Биба прогласена за победник, Дац обвини за нерегуларност

Добивај вести на Viber

Откако Биба Додева беше прогласена за победник во поп-вечерта на „Охрид-фест“ и се појави на сцена каде ѝ беа врачени наградите, нејзината радост на момент ја прекина актерот Драган Спасов-Дац кој обвини дека бодовите од жири-комисијата не се пресметани како што треба. 

Организаторот одлучи да се повтори гласањето, а според претходното рангирање Дац кој настапи на фестивалот во дует со Митевски се најде на второто место. По прегласувањето Биба повторно заврши на врвот.