Скопје Сити Мол под опсада од маски за 1ви април
Една поговорка вели: “Денес е 1. април - денот на шегата, не верувај никому и немај доверба во никого, впрочем како сите други 364 денови.” Но, она што е за верување е дека во Скопје, веќе неколку години, центарот на обележување на Денот на шегата е Скопје Сити Мол, кој по повод 1-ви април, денот на Шегата, организира натпревари за најдобра маска.
Првиот натпревар е оној кој со фонд во вредност од 30.000 денари ќе се избира НАЈМАСКА на годината. Сите маскирани што ќе се фотографираат на 1-ви април во фотокорнерот во трговскиот центар, ќе бидат објавени на официјалната фејсбук страна на Скопје Сити Мол: facebook.com/skopjecitymall, точно во 22 часот.
Фановите ќе можат да гласаат со лајкување на фотографиите, a првите три фотографии кои ќе добијат најмногу лајкови ќе добијат награди - вредоносен ваучер од 15.000 денари за прво освоено место, за второ место ваучер од 10.000,00 денари, а за третото место вредносен ваучер од 5.000 денари.
Вториот натпревар е наменет за вработените од продавниците, кои за прв пат ќе се маскираат на овој ден. Скопје Сити Мол за нив подготви специјален натпревар за најдобра маска, за кои исто така ќе се гласа прекну нивната фан страна.
“Настанот Mask’n’Мall” веќе прерасна во традиционален настан со кој нашиот трговски центар го обележува Светскиот ден на шегата. Оваа година концептот е проширен со организација на два натпревара еден за посетители и друг за вработените во локалите. Се разбира подготвивме и вредни награди за најкреативните маски. Ја повикуваме пошироката јавност да дојде со своите најмили да се забавуваат и да уживаат во најголемата опсада од маски до сега” - изјави Дамјан Корубин од Скопје Сити Мол и потсетува дека шегата, играта и хуморот го рефлектираат духот на еден народ кој е важен за секое општество и треба да се грижиме за него.