СКОПЈЕ ЗА ПРВ ПАТ ВО 30 ГОДИНИ ИМА ЖЕНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК - Данела Арсовска прогласи победа во главниот град

Добивај вести на Viber

Ви благодарам што ги поддржавте проектите што ги истакнав во оваа кампања, и што одбравте да верувате на човечноста и што сте против црните кампањи, и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот. 

Со овие зборови го почна своето обраќање пред скопјани Данела Арсовска, која ќе биде нов градоначалник на Скопје, која сега има разлика од 20.000 гласа пред Шилегов. 

„По тешки битки, бидејќи мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување, и на мое големо задоволство истакнувам дека за прв пат во 30 години независна Македонија Скопје има жена за градоначалнкик“, рече Арсовска. 

Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк