Петтиот Скопски цветен фестивал кој е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило ќе се одржи на 12 и 13 мај 2018 (сабота и недела) во Градскиот паркво Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО“.
Фестивалот ќе започне на 12 мај со цветно дефиле од фонтаната Лотосов цвет во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и основните училишта, облечени ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО, кои ќе се движат низ 5 различни патеки во паркот, а дефилето ќе го пратат повеќе од 200 велосипедисти.
По свеченото отварање следуваат настапи на повеќе музички и драмски изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата:да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси,
Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.
Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 37 изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување,институции и невладини организации од област на екологија
Манифестацијата ќе биде отворена до 18 часот во недела 13мај
Ви нудиме најразновидни содржини и Ве покануваме на заедничко цветно дружење.