Скромна црвена куќарка на крајот од селото: Милица Павловиќ не се срами да го покаже домот каде пораснала, еден детаљ ќе ве расплаче (ФОТО
Од кога зачекори на сцената како учесник на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, па до денес, кога може да се пофали со завидна кариера и бројни хитови, музичката ѕвезда Милица Павловиќ не престанува да ја интригира јавноста со својот изглед, став и енергија.
Како една од најбараните, најангажираните и секако најдобро платените млади пејачки, со макотрпна работа успеа да си обезбеди луксузен имот во главниот град, а никогаш не се срамеше од своите корени, а сите знаат дека куќата каде што израснала Милица Павловиќ се наоѓа во селце во близина на Лесковац.
- Многу сум среќна што сум од Буниброда и секогаш ќе го спомнувам со почит и најубави зборови - изјави во една прилика пејачката и додаде дека оние кои се свесни за својот успех не се срамат од местото од каде доаѓаат.
Милица, која е родена во Швајцарија, детството го поминала во Доњи Буниброд, ја воспитувале бабата и дедото, кон кои била особено приврзана, па нивната смрт многу ја погодила. Дедото и бабата се занимавале со земјоделство, имале бавча што ја обработувале заедно и со многу љубов, а Милица која секогаш нагласувала дека периодот што го поминала во селото бил еден од најубавите, не се двоумела да им помогне во одржувањето на домаќинството.
Иако одамна никој не живее во неа, куќата во која порасна Милица Павловиќ е место каде сака да доаѓа и кое кај неа ги буди најубавите емоции, а често преку социјалните мрежи имавме можност да видиме како изгледа катчето полно со спомени.
Зад високата капија се крие мал двор и скромна куќа обоена во розово, а иако одамна е празна, сè е уредно како што треба, тревата е уредно искосена, засадени лози.
Павловиќ како девојче уживала да живее во куќа со два влеза опкружена со зеленило, а подоцна кога и самата станала успешна во бизнисот, како што велат мештаните, никогаш не дозволила местото да пропадне и постојано е одржувано.
Фото: Принтскрин- Јутуб, Блиц
Извот: Информер.рс