Славче Таневски: Привилегија е да се работи за гигант како Мерцедес

Добивај вести на Viber

Секој си ги добива своите ‘5 минути‘ во животот, но битно е да се препознаат и да не се преспијат, вели во интервју за „Опсервер“ Славче Таневски, Македонецот кој е дел од дизајнерскиот тим на Мерцедес.

Таневски и стана познат на македонската јавност со влегување во производна линија на Моделот ГЛЦ Купе на Мерцедес.

- Животот ми се промени 8 години пред таа промоција кога се преселив во Германија заради студиите. Доколку се навратам уште во минатото можам да кажам дека имав убаво детство во Скопје како сите просечни деца. Израснат и воспитан од прекрасни родители. Возилата сигурно отсекогаш сум ги имал во генетскиот код. Мајка ми ми вика кога сум бил бебе не сум плачел туку сум брчел. Татко ми често ме шеташе по паркинзи низ населба и салони за коли каде како многу мал сум научил да ги разликувам автомобилите и мислам дека било доволно да се фасцинирам - раскажува тој.

Славче нагласува дека вештините за цртање не се единствен предуслов и не се секогаш одлучувачки фактор за успехот како дизајнер.

- Тука се битни карактерот, иновативноста, каков работник сте, познавање на странски јазици, колегијалност, професионалност, дисциплина.. - открива во разговорот за „Опсервер“.  

Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ.