Животна училница // Приказни
СЛАВЧО СОВЕТУВА: И ВО СЕПТЕМВРИ СЛОБОДНО ПЛАНИРАЈТЕ ПЛАЖА - првата половина ќе биде натпросечно топло
- 28 Август, 2024
Почитувани, според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа, пишува во своето најново предвидување метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.