Славеа до доцна во ноќта: Свадба и прв роденден за синот на Слоба Радановиќ и Јелена-ова се деталите

Добивај вести на Viber

Пејачот и поранешен учесник во реално шоу Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена синоќа приредија гала забава во еден белградски ресторан.

Тие направија свадба на која го прославија и првиот роденден на синот Дамјан.

Свадбата на Слоба Радановиќ собра половина од српската естрада.


Пред две години пејачот Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена се венчаа на црковна и општинска церемонија, во кругот на најблиското семејство и пријателите, а вчера решија да соберат многу поголем број луѓе за таа пригода. Свадбата на Слоба Радановиќ беше причина многу негови колеги да се најдат на истото место.

Откако ѝ ја испеа песната „Три во едно“ од Маринко Роквиќ, со која имаа „прв танц“, забавата продолжи.


Прославата првенствено беше наменета за синот Дамјан, кој го прославуваше својот прв роденден, а токму затоа и тортата беше таква каква што беше.

Висока неколку ката, бела, со плишано мече одозгора, специјално направена за синот Дамјан, со оглед на тоа дека одозгора го имаше и бројот 1.


Гордата мајка не можеше да не се пофали на Инстаграм со тортата со плишано мече, која беше подготвена специјално за нејзиниот трет син Дамјан, додека, пак, таа и нејзиниот избраник споделија торта со српската тробојка.

Иако немале стандардни свадбени обичаи, некои од нив ги испочитувале.

На пример, тортата ја исекоа со песната „Марш на Дрина“, која никого не изненади со оглед на тоа дека сите знаат колку е патриот Слоба.


Инаку, оваа песна од 1992 до 2004 година беше неформална химна на Србија. Во 1961 година, Иво Андриќ ја однесе композицијата „На Дрина“ на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Шведска. Делото привлече големо внимание кај шведската јавност и сè уште е едно од најслушаните парчиња во Шведска.


„Марш на Дрина“ е симбол на храброста на српската војска во Првата светска војна. Текстот е на Милој Поповиќ, новинар и поет, а го компонираше Станислав Бинички во Ваљево и е посветена на првата победа на српската војска која кај Цер ја победила неспоредливо супериорната австроунгарска војска.

Да потсетиме, за време на веселбата на микрофонот се најдоа и Џани, како и Баја Мали Книнџа, а забавата траеше до доцна во ноќта.