Славната актерка им порача на жените „да не одат под нож“: „Штом ќе почнеш да се „зафркаваш“ со лицето, НЕМА НАЗАТ“, вели дивата која пробала ботокс и липосукција и горко зажалила

Добивај вести на Viber

Познатата актерка Џејми Ли Кертис им порача на жените да не одат на пластични операции бидејќи според неа нема да добијат ништо. Таа истакна дека тоа го видела и самата.

"Дали ботоксот прави да ги снема големите брчки? Да. Но тогаш изгледате како пластична фигура", изјави Џејми Ли Кертис (63) во емисијата "Today".

Таа откри дека зрното мудрост им го пренела на ќерките Ени (35) и Руби (26).

„Не се плеткајте и играте со лицето“, открила актерката што им кажала на своите деца.

Џејми Ли Кертис им порача на жените да не одат на пластични операции

Ова не е првпат филмската ѕвезда да се залага за природна убавина и да коментира „искривени стандарди за убавина и анти-стареење“.

„Моменталниот тренд на филери и процедури, и оваа опсесија со филтрирање и работите што ги правиме за да го приспособиме нашиот изглед на Zoom, бришат генерации убавина. Кога еднаш ќе се збчкаш со твоето лице, не можеш да го вратиш“, рече таа минатата година на настан организиран од Fast Company.

Ова е мислењето на актерката која го сподели своето искуство. Во далечната 1989 година, на Кертис и го отстранија дебелото ткиво под очите, откако рече дека камерманот коментирал дека нејзините очи се „отечени“.

Постапката потоа предизвика зависност од лек на рецепт кој помага во ублажување на силната болка.

„Се обидов со пластична операција и не успеа. Станав зависна од таа дрога, не ја користам 22 години“, изјави таа за „Фаст Компани“. Уште во 2002 година, Кертис откри дека претходно имала третмани со ботокс и липосукција.

„И знаете што? Ништо од тоа не функционира. Ништо од тоа“, рече таа, пренесува Е!Вести. Таа додаде: „Тоа е таква измама. Никој не ви кажува дека ако ви земат сало од телото на едно место, тоа се враќа на друго место“.