Славната Гал Гадот по трет пат мајка:Чудесната жена го покажа трудниот стомак

Актерката Гал Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варсан соопштија дека по трет пат ќе станат родители. Во брак се од 2008 година а ги имаат двете ќерки Маја и Алма, а сега се пресреќни поради третиот член кој е на пат.

Имено, актерката на својот Инстаграм профил сподели семејна фотографија на која сопругот ја држи за стомак, а покрај фотката кратко пишува: „Одиме од почеток“.

Веднаш стана јасно дека се работи за ново бебе а под објавата се нанижаа честитки.



Foto: Profimedia-Инстаграм