Слобода Миќаловиќ во сексапилна тоалета: Таа е српската Моника Белучи (ФОТО)

На белградската премиера на филмот „Беше еднаш во Србија“ се појави и ѕвездата на вечерта, актерката Слобода Миќаловиќ, која прошета во комбинација која го одзема здивот.

Познатата српска актерка повторно го привлече вниманието на публиката, бидејќи носеше многу интересна тоалета која во исто време ја истакна нејзината грациозност, но и сексапил.

Имено фустанот кој актерката го избра за оваа пригода е изработен од бела свила, со тоа што делот над градите е црн, а носи потпис на локален дизајнер. Многу интересна креација, поради врвките на грбот, како и поради долниот дел во форма на сирена опашка.

View this post on Instagram

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba)


Таа на Инстаграм сподели фотографии од настанот, а многу нејзини следбеници коментираа дека е преубава.

„Најубавата и најзгодната актерка“, „Нашата Моника Белучи“, „Божествена жена, моја божица“, беа само дел од коментарите.

Извор: superzena.b92.ne