Слободата честопати е само израз: Цитати од Бранислав Нушиќ

Бранислав Нушиќ бил неверојатно талентиран писател, а зад себе оставил богато творештво. Нушиќ бил битолски конзул, а во 1913 година го основал театарот во Скопје. Неговите цитати за љубовта, бракот и животот се слатко-горчливи, смешни и тажни, поетични и сатирични.  

„Знаењето има граница, незнаењето нема.“

„Бракот го сочинуваат три работи: љубов, доверба и трпение.“

„Првата љубов е опасна само кога е последна. Втората љубов е всушност прва.“

„Полесно е да се биде министер, отколку бербер. Берберот, прво, мора да знае да бричи, а второ, мора да внимава да не исече некого. Министерот не мора да знае да бричи, ниту пак мора да внимава да не исече некого, бидејќи дури и да исече некого, нема да е виновен.“

„Постојат луѓе кои повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на сопствената среќа.“

„Слободата е честопати само израз, а тиранијата е секогаш вистина.“

„За да може човекот да се исправи во животот, потребно е прво да ползи.“

„Народско воодушевување, тоа е кога толпата вика, а не знае зошто се дере.“

„Во театарот прво се подигнува завесата, па се одигрува претставата. Во животот е обратно: прво се одигрува драмата,па тогаш се крева завесата.“

„Бракот е договор според кој човекот еднаш во животот ќе каже Да и ја презема обврската да го повторува тоа до крајот на животот.“

„Првиот бакнеж му доаѓа некако како полуматура, после него детето оди во средно училиште каде што ја учи посложената математика на љубовта со сите познати и непознати равенки.“

„Омразата на сите оние кои се злобни не е толку опасна, колку нивното пријателство.“

„Кога љуби вторпат, човекот се чувствува како повторувач. Ги познава сите предмети, а сепак не е уверен дека ќе го положи испитот.“

„Бракот е како препорачано писмо, вообичаено адресирано на погрешна адреса и интересно е само додека е затворено.“

„Можно е поради здолниште да прескокнете ограда, ама во никој случај не можете да го направите тоа во здолниште.“