Актуелно // Insta вести
Смело, голо, а отмено: Актерката Ана Стојановска со фасцинантна тоалета на црвениот тепих во Сараево
Познатата актерка, Ана Стојановска која е дел од екипата на филмот „Кајмак“ заедно со режисерот Милчо Манчевски и актерот Филип Трајковиќ, се појави на црвениот тепих во Сараево за промоција на филмот на „Сараевскиот филмски фестивал“.
Ана Стојановска важи за храбра дама, а овојпат дефинитивно покажа тоалета која го одзема здивот.
Со парче на градите, гол стомак со расцепи на горниот дел од задникот, грбот и длабо V на стомакот, таа едноставно го одзема здивот,
Навистина храбар дизајн, футурустички, кој во елегантна црна боја остава без зборови.
Ана не е позната по силната шминка, па и овој изглед го дополни со минимална шминка и детали, носеше нежно ѓерданче и нараквици.
Секоја чест за изборот!
Фото: Инстаграм - Ана Стојановска - стори