Снаата му го спаси животот на свекорот: Синовите не можеа, а таа се одлучи на најхуманиот чин

Нусрет Мумиќ од Живинце во БиХ заработил пензија во Рудникот за кафеав јаглен „Ѓурѓевиќ“ . Кога требало да се одмори и среќно да ги помине пензионерските денови, овој 65 годишник го стигнала болеста. Пред пет години, му е дијагностицирана цироза на црниот дроб.

Во почетокот тој не помислувал колку е опасно тоа и дека единствен спас за него ќе биде само трансплантација на црниот дроб. Од тоа му зависел животот, пренесуваат медиумите од регионот.

Нусрет има три сина, но ниту еден од нив, барем според резултатите и истражувањата, не можел да биде донор на дел од црниот дроб. Сепак, шансата за Нусрет се појавила. Неговата снаа Алмира Мумиќ , сопруга на најстариот негов син, одлучила да му дарува дел од својот црн дроб на свекорот и така да му го спаси животот.

Операцијата успеала и Нусрет добро се чувствува. По оперативниот зафат, добро се чувствува и Алмира, која се вратила дома. Веста за нејзиниот хуман гест е објавена и на социјалните мрежи. Сите без исклучок искажуваат воодушевување од гестот на Алмира и им посакуваат брзо опоравување на неа и нејзиниот свекор.

Алмира по операцијата е среќна што направила хумано дело.

-Ви блгодарам на сите за поддршката и желбите за брзо оздравување. Добро сум, фала Богу. Свекорот е одлично, но подоцна ќе биде со нас дома, бидејќи трансплантираните пациенти малку подолго ги задржуваат во болница-изјавила Алмира.




Извор: аваз/ Фото: блиц.рс