Снеже Велков со доза мотивација: Како се станува добар во нешто?
Инфлуенсерката Снеже Велков не ретко знае да сподели интересен од срце напишан статус. Таа е активна на социјалните мрежи, особено со утринското вежбање, со возењето велосипед, готвењето но и со инспиритивните, емотивните и реалните статуси кои ги споделува со своите следбеници и јавноста. Овој пат атрактивната ТВ водителка на својот Инстаграм профил напиша четиво со прашања и одговори во кои ќе пронајдете инспирација за да бидете продуктивни и среќни, а најмногу мотивирани за да „блескате“ во секој нов ден:
Како се станува добар во нешто?
Низ обиди и грешки
Како се издржува кога е тешко?
Со верба
Како се опстанува ?
Со истрајност
Како се оди напред?
Одлучно
Како се гази кога "трњето боцкаат"?
Со "јаки чевли.
Како се бориш кога те негираат?
Со аргументи
Како се напредува кога ти ставаат сопки?
Со станување
Како се реагира кога те критикуваат?
Достоинствено
Како се реагира кога те игнорираат?
Гласно
Како се стигнува до целта?
Со упорност
Како се успева?
Со дисциплина
Како се полетува?
Со земање залет.
И најбитно
Како се фалиш кога успеваш?
Ти молчиш, успехот сам си зборува
Честит 1 септември!