Снеже Велков: Внимателно со луѓето кои единствено убаво нешто што го имаат на себе е облеката
Снеже Велков е доста активна на социјалните мрежи. На Инстаграм често постира инспиративни, некогаш дрски, но од срце искрено пораки, а последна во низата такви остава без збор.
„Има едни луѓе ПРЕКРАСНИ!
Ама не паметам во што марка беа облечени ни кој бренд чевли носат
Не ме фаќајте за збор ама ич не знам дали комбинацијата што ја носеа им беше погодена. Простете не видов ни што телефонски апарат имаат ама знам дека кога ги барам веднаш ми креваат. Ако ме прашате нема да знам ни каков парфем користат, ама знам дека мирисаат на радост. Што носат од накит? Насмевка чинам беше.
А часовникот каков им е?Уфф не сум сигурна ама знам дека секогаш наоѓаат време за мене Стварно не знам дали палтото што го носат им е вистинска или лажна кожа а верувајте не знам ни патиките дали им се познат спортски бренд!
Не ме прашувајте дали имаат средени нокти или тазе маникир.Оти не им ја приметив дланката и прстите, ама им ја почувствував прегратката и стисокот цврст за поддршка.
Не забележав простете ни дали имаат брчки околу очите или се "измазнувале"-заради сјајот кој им излегуваше од зениците.
Простете, но не забележав ни дали се стегнати и навежабани заради енергијата што ја зрачеа. Оф!Не знам да ви кажам ни дали чантата им беше погодена со чевлите и дали косата им беше стеганата со листиче кое на ништо не одговара.
Ништо не видов простете! Оти бев занесена во думите им слатки и зборовите им мудри.Досетките им смешни и шегите им налудничави. Утехите им топли и советите им разумни
Не успеав простете ништо да забележам, од УБАВАТА ИМ ДУША...
Има едни луѓе ПРЕКРАСНИ!
Дрски, безобразни и насилни мажи не ни требаат: Снеже Велков со моќен статус кој треба да го прочита секоја жена