Дрски, безобразни и насилни мажи не ни требаат: Снеже Велков со моќен статус кој треба да го прочита секоја жена

Добивај вести на Viber

Моќен статус на Снеже Велков кој треба да го прочита секоја жена!

Снеже не ретко знае, својата моментална инспирација, понесена од некој настан, значаен датум, или актуелни случувања да го сподели на својот Инстаграм профил, па така и овој пат со неколку реченици кажа сѐ што не ѝ треба на една жена, а ова се дефинитивно зборови на кои често треба да се потсетуваме. 

Не, не ни требаат дрските безобразни и насилни.
Не ни требаат вулгарните, некултурните и надмените. 
Не ни требаат ни шовинистите и "Не е кола за жена" фраерите.
Не ни требаат и "балканците" и мрзеливите.
Не ни требаат ни оние кои кокошки, гуски и крави нарекуваат
Не ни требаат ни оние кои зборот курва за квалификација го користат.
Не ни требаат  ни оние кои издаваат, не поддржуваат, не помагаат, сопки ставаат, а за твое добро е викаат.
Не ни требаат ни оние кои само на кауч седат на пиво корнат и празни муабети вртат.
Најмалку ни требаат оние кои рака креваат "Така и треба!" зборуваат или "Сама си го барала" заклучуваат.
‼️Тие мажи не ни требаат‼️ Ни како партнери ни како колеги ни како другари ни како познаници - гласно кажува Велков.

Поврзани вести: 

-Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто: Снеже Велков со емотивен статус
-Маникир не користам, си ги грицкам ноктите: Пред огледало со Снеже Велков