Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто: Снеже Велков со емотивен статус
Снеже Велков е позната во јавноста по водителството на бројни познати
емисии, а во последно време и по вежбањето.
Не ретко знае, својата моментална инспирација, понесена од некој настан, значаен датум, или актуелни случувања да го сподели на својот Инстаграм профил. Па, вчера, емотивна, искрена и директна сподели порака до сите.
Еве што напиша Снеже:
„Пребрзо не снемува, се ретчиме пречесто!
Пречести се црнобелите фотографии и зборовите
слава му
Пребројни се сочувствата а преболни желбите:
“Барем само уште еднаш!
За тоа:
Не попосле,
Не покасно,
Не утре,
Не за кратко,Не по еден час,
СЕГА ВЕДНАШ!
Покажи, јави се, докажи, проголтај, прозбори,ислушај,
помоли, прости..
Гушни,кажи,
пофали, напиши,спомни,
речи!
И ако е близок, и ако е подалечен, и ако е
познаник!
Кажи да те чуе, да те види, да те гушне, да
пушти солза, да се насмее на цел глас, да ти каже едно фала или "Ај не
заебава"ј!
ДОДЕКА МОЖЕ, ДОДЕКА Е ТУКА!
Оти сите нешта после речени, сите пофалби
за на небо искажани и сите прегратки во вечност испратени- немаат ни приближно
иста вредност
Еден ден сите зборови ќе бидат убаво напишани,сите стихови ќе расплачат срце,секоја реченица ќе пара душа.
Но ништо од ова нема да има смисла
Затоа што ТОЈ што треба да слушне, не е тука.
Пребрзо не снемува, се ретчиме пречесто..“.
Фото: Инстаграм/velkovsneze
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Селфи со мама: Снеже Велков искрено за синовите
Маникир не користам, си ги грицкам ноктите: Пред огледало со Снеже Велков