Снимка од Тина Тарнер и Шер поради која луѓето се смеат веќе 15 години-Урнебесен одговор на прашањето: „Какво е чувството да се биде стар“

Foto: najzena.rs-screenshot

Тина Тарнер, музичка легенда и жена со неверојатна кариера и енергија, почина на 83-годишна возраст во Цирих. По осум студиски албуми и концертни активности во осмата деценија од животот, таа ќе остане запаметена како една од најомилените музички ѕвезди што ја обожаваат нејзините колеги.

Еден од најпопуларните клипови на Тина Тарнер, кој постојано кружи на сите социјални мрежи во последните 10 години, е клип од шоуто на Опра Винфри. Пејачката и нејзината колешка Шер гостуваа кај познатата водителка и зборуваа за нивните неверојатни кариери. Имено, во видеото Тина Тарнер има 68 години, а Шер 61 година.


На изјавата на Опра Винфри дека е неверојатно што сè уште ја работат истата работа, со ист интензитет, како кога имаа дваесет години, и дека ја интересира какво е чувството „кога ќе остареат“, Шер духовито рече: Мислам дека е с**ње“, а публиката и Тина Тарнер не можеа да престанат да се смеат.

„А што е со мудроста...“, продолжи Опра, а Шер додаде: „F*ck it“, што уште повеќе ја насмеа публиката и Тина Тарнер, која била сложна дека годините и староста не ѝ донеле ништо спектакуларно.

Тина Тарнер и Шер за прв пат настапија заедно на 27 април 1975 година во шоу програмата „The Cher Show“ и останаа најдобри пријатели во текот на нивната кариера.

Шер сè уште не се изјасни за смртта на Тина Тарнер, но сигурно ќе има многу што да каже за саканата музичка ѕвезда.