Со денови се зборуваше за тоа: Конечно решена мистеријата од церемонијата на крунисување на кралот Чарлс

Фото насловна: Pool / Zuma Press / Profimedia

Многу луѓе веднаш се запрашаа кој е тој што се прошета низ церемонијата во наметка, а набрзо почнаа шегите дека тоа е самата Смрт.

Конкретно едно лице го привлече вниманието на публиката на крунисувањето на кралот Чарлс III минатата сабота, а тоа беше маж облечен во црна наметка со качулка и голем стап.

Изгледаше сенишно, како Смрт, додека минуваше низ Вестминстерската опатија.

Многумина веднаш се запрашаа која би можела да биде таа облечена силуета, а набрзо почнаа шегите дека тоа е самата Смрт.


Но, мистеријата е решена, пишува Дејли мејл и додава дека се работи за црковен човек кој не припаѓа на свештенството, туку им помага во верските служби. Ова го открила Вестминстерската опатија откако била контактирана од магазинот „Њусвик“.

Така, морничавите теории за тоа дека Смртта е непоканет гостин на крунисувањето се отфрлени и сега се знае дека станува збор за личност која помага во самата служба за време на крунисувањето. 


Фото: Профимедиа

Видео: Твитер