Со Mastercard World на Халкбанк чувствувајте се како ВИП патник во над 800 аеродроми во светот

Добивај вести на Viber

Без разлика дали патувате службено, туристички или одите на одмор, секогаш можете да се чувствувате како ВИП патник. Додека го чекате вашиот лет, можете да уживате во ексклузивниот бесплатен пристап, консумација и спокојството што го нудат  аеродромските ВИП салони. Потребно е само да имате Mastercard World кредитна картичка издадена од Халкбанк со што станувате дел од ексклузивниот клуб корисници на програмата LoungeKey (LK).

Со Mastercard World кредитна картичка на Халкбанк се стекнувате со посебен третман во над 800 аеродроми насекаде во светот.  Аеродромите во Џакарта, оние на прекрасните острови Бали и Маурициус, или, пак на Бахамите или во Доминиканската Република се само дел од листата светски аеродроми каде и вие како имателите на Mastercard World кредитна картичка можете да уживате во привилегиите на Lounge Key.

Речиси 800 клиенти на Халкбанк кои се корисници на Mastercard World кредитна картичка досега многупати имаа можност да се уверат во предностите кои ги нуди програмата LoungeKey  која Банката ја воведе во 2017 година. За овие неколку години се направени речиси 6000 посети во овие салони, а најпосетен  LK е оној на аеродромот во Истанбул, еден од најголемите и најфреквентни аеродроми во светот, кој претставува центар преку кој се организираат летови и за најдалечни светски дестинации.

 Mastercard World кредитната картичка, покрај тоа што нуди дополнителна вредност за корисниците, е бесконтактната картичка која овозможува на брз и едноставен начин, со само еден допир на картичката на ПОС терминалот кој поддржува бесконтактно плаќање, извршување на трансакциите. За да се бидете корисник на оваа картичка треба да сте клиент на Халкбанк во редовен работен однос, со месечни лични приходи над 40.000 денари, односно вкупни  нето-приходи по основ на годишна даночна пријава од над 480.000 денари. Намената на картичката е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигнување готовина од банка или банкомат. Mastercard World  е меѓународна картичка и поддржува можност за интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни. Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата.

Постои еден начин за неограничен број задоволства -  тоа е Mastercard World на Халклбанк. Затоа не двоумете се, аплицирајте во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје или online преку Апликација и станете дел од ексклузивниот клуб на корисници на Mastercard World.

ПР-објава