Животна училница // Приказни
Со мотор ја промовираат Македонија: Силвана и Антон Митреви на пат околу светот
- 27 Февруари, 2019
Maкедонците Антон и Силвана Митреви тргнаа во мисија да го обиколат светот за една година, а нивната цел е промоција на нашата земја. Проект е наречен „Гушни го светот“, патуваат со мотор, носат македонски обележја, делат материјали за Македонија. Целта им е светот да види дека на Балканот има една мала, убава земја, со мирољубив и гостопримлив народ.
- Патувањето започна на 20ти јуни 2018 година од Скопје. Поминавме 19 држави досега, патувањето би требало да заврши кон средината на оваа година. Идејата беше да бидеме првиот македонски мотоцикл кој го заобиколил светот со МК регистарски таблички со истакнато македонско знаме - вели Силвана Митрева.
Целата приказна ја имате на ФАКТОР.МК